Македонскиот фудбалски бисер Елиф Елмас продолжува да ја водушевува јавноста во Турција.
Елмас игра одлично во турскиот гигант Фенербахче, па заслужено се најде во тимот на селекторот Игор Ангеловски за натпреварите против Гибралтар и Ерменија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Токму вториот натпревар кој го игравме во Скопје може да биде од голема важност за Елмас.
Македонија ја победи Ерменија со 2:0, а Елмас одигра навистина солидно, тому во овој натпревар го следеле скаутите на – Борусија Дортмунд!
Секако, тоа не бил единствениот натпревар. Турците пишуваат дека Борусија Дортмунд веќе подолго време го следи Елмас и дека во јануари се подготвени да тргнат по неговиот потпис и тоа како што се најавува со астрономска понуда.
Според информациите тренерот на „милионерите“ Лусијан Фавре има огромна желба да го види Елмас во својот тим.
Ќе потсетиме, Елмас уште минатото лето се пресели во редовите на Фенербахче, но дури откако ова лето на кормилото на турскиот гигант седна Филип Коку, Македонецот доби стандардно место во првиот тим.
Колкава е таа „астрономска понуда“ Турците не наведуваат, но се шпекулира дека во договорот на македонскиот фудбалер има вметнато откупна клазула во износ од околу 20 милиони евра.