Италијанскиот дефанзивец Леонардо Бонучи денес игра за Унион Берлин во Германија, а сега откри дека Пеп Гвардиола и Манчестер Сити за биле спремни да платат 100 милиони евра.
Познато е дека Гвардиола беше голем фан на играта на Бонучи кога дефанзивецот беше во најдобрата форма од неговата кариера во Јувентус. Суматата од 115 милиони евра за еден дефанзивец би била рекордна, меѓутоа во тој момент Бонучи одлучил да не го напушти Јувентус.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
„Во 2016 година навистина бев блиску до Манчестер Сити понудија 115 милион иевра, но во договор со клубот одлучивме да остана. Се разговараше и една година подоцна кога Јувентус ме стави на продажба, на крајот излезе така како што требало да излезе.
Секако дека соработка со Пеп Гвардиола ќе беше големо достигнување за мене, но не можам да се пожалам бидејќи освоив многу трофеи, индивидуални награди и Европското првенство. Секогаш одлучував со срцето и затоа не го напуштив Јувентус“, изјави Бонучи.
Ќе потсетиме, Бонучи скоро цела своја кариера беше во Јувентус со исклучок на една сезона која ја помина во Милан и се врати, а од летово откако беше означен како „вишок“ се пресел и во Бундеслигата.