Инвестицискиот фонд од Саудиска Арабија и официјално го презеде Њукасл и е спремен да вложи голема сума за реконструкција на тимот.




Англиските медиуми пишуваат дека Њукасл ќе може да потроши меѓу 200 и 250 милиони евра во зимскиот преоден рок, а веќе направиле список од неколку засилувања.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Прва трансферна цел во зимскиот преоден рок ќе биде дефанзивецот на Баерн Минхен, Николас Зуле.




Договорот на Зуле истекува на крајот на сезоната, а Баерн е спремен да го продаде во јануари.




„Билд“ пренесува дека агентите на Германецот веќе имале состанок со Њукасл и се спремни да ја слушнат понудата.