Дома Топ вести БОМБА: Реал ја прифати понудата, Роналдо на чекор од Јувентус

БОМБА: Реал ја прифати понудата, Роналдо на чекор од Јувентус

Главна тема денес во шпанските медиуми е иднината на Кристиано Роналдо, кој најверојатно ќе го напушти Реал Мадрид ова лето.

Денес „Марка“, весник кој е добро упатен во случувањата на „кралскиот“ клуб на својата насловна страна објави дека преговорите помеѓу Јувентус и Реал Мадрид се започнати и дека „работата е сериозна“ (види ОВДЕ).


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Попладнево шпанските медиуми, поточно телевизијата „El Chiriguito“ потврди дека Реал Мадрид ја прифатил понудата од Јувентус тешка 100 милиони евра и Роналдо е пред потпис во Јувентус.

„Старата дама“ веќе има договор со Португалецот за 4 сезони тежок 120 милиони евра, односно 30 милиони евра по сезона.

Медиумите во Шпанија пренесуваат дека Реал се согласил на продажба откако Роналдо побарал да биде пуштен да замине бидејќи смета дека неговиот циклус во Мадрид е завршен и има потреба од промена на средината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …