Говото сигурно Герет Бејл ќе го напушти „Сантиаго Бернабеу“ на крајот на сезнота, а денес шпанските медиуми објавија бомбастична вест.
Имено, Реал Мадрид прифатил понуда за Велшанецот „тешка“ 130 милиони евра од еден неименуван кинески клуб.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Се претпоставува дека станува збор за Тијанжин, но Бејл не сакал ни да разговара за трансферот, иако Кинезите му нуделе околу 50 милиони евра по сезона, односно да биде најплатен фудбалер на светот.
Бејл е спремен да го напушти Реал, но сака да остане во Европа и по можност да се врати во Премиер лигата,
Вчера излегоа информации дека агентот на Бејл веќе започнал преговори со Манчестер Јунајтед, но „црвените ѓаволи“ не се спремни да понудат повеќе од 90 милиони евра за неговиот потпис.
Останува да видиме каква ќе биде иднината на Бејл, но многу веројатно е дека ова лето ќе го напушти „Сантиаго Бернабеу“.