Иднината на Мохамед Салах во Ливерпул веќе подолго време е главна тема во англиските медиуми.
Иднина на Салах во Ливерпул е неизвесна откако ги влоши односите со тренерот Клоп. Медиумите тврдат дека Египќанецот сигурно ќе побара трансфер доколку „црвените“ не изборат пласман во Лигата на шампиони.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Салах веќе подолго време се поврзува со трансфер во Реал Мадрид и ПСЖ, но сега новинарот на „Билд“, Кристијан Фолк, известува дека Салах е на списокот со желби на Томас Тухел во Челзи!
„Сините“ наводно се спремни да му ја исполнат желбата на Тухел и да го вратат Салах на „Стенфорд Бриџ“ за што спремиле астрономска понуда.
Египќанецот пристигна на „Стемфорд Бриџ“ од Базел во 2014 година како голем талент за 16 милиони евра евра, но беше испраќан на позајмици и потоа продаден во Рома.
TRUE ✅ @MoSalah is on the shortlist of Tuchel and @ChelseaFC beside @ErlingHaaland and @RomeluLukaku9 pic.twitter.com/1M95B6FwwU
— Christian Falk (@cfbayern) May 7, 2021