Џејдон Санчо најверојатно ќе ја напушти Борусија Дортмунд.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
За тоа се повеќе се зборува, а сега се појавија информации дека Санчо ќе остане во Бундеслигата.
Неговиот нов клуб би можел да биде Баерн Минхен.
Оваа информација одекна како бомба, а наводно тимот од Минхен е спремен да плати дури 120 милиони евра.
Билд дознава дека во Баерн овој трансфер го подготвуваат за ова лето.
Извршниот директор на Баерн, Румениге неодамна кажа дека неговиот клуб има само една желба во летниот преоден рок. Името на фудбалерот не го откри.