Дома Топ вести „Бомба“ од Апенините: Роналдо го напушта Јувентус, но останува во Европа

„Бомба“ од Апенините: Роналдо го напушта Јувентус, но останува во Европа

Италијанските медиуми денес лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Кристиано Роналдо на крајот на сезоната може да го напушти Јувентус.

Поради пандемијата со коронавирусот италијанските клубови трпат големи загуби, а најпогоден ќе биде Јувентус, кој добива најмногу од ТВ права.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Тоа може да го натера раководството на Јувентус да ја продаде првата ѕвезда, Кристиано Роналдо, кој годишно заработува 31 милион евра.

Најсилен интерес за Португалецот покажува ПСЖ, кој е спремен да го продаде Нејмар и веќе бара замена за Бразилецот. „Светците“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент Жорге Мендеш и се спремни да му понудат 35 милиони евра по сезона.

Високата плата на Роналдо ќе претставуваат проблем за Јувентус, па клубот е спремен со неговата продажба да ги „амортизира“ финансиските загуби.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…