Италијанските медиуми тврдат дека голема е веројатноста Мауро Икарди да се врати во Серија А во јануари.
Тренерот на ПСЖ, Тухел не му дава шанса на Икарди оваа сезона, па аргентинскиот напаѓач е спремен да ја промени средината.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најсилен интерес во моментов покажува Милан, кој во Икарди гледа идеален наследник на Ибрахимовиќ и некој кој ќе биде главен напаѓач во наредните години.
Малдини веќе стапил во контакт со неговиот пријател Леонардо и започнале преговори за трансфер на Икарди уште во јануари.
Аргентинецот може да пристиге на „Сан Сиро“ на позајмица за 10 милиони евра плус 40 милиони за откуп следната година.