Дома Фудбал Германија „Бомба“: Мурињо на клупата на Баерн Минхен

„Бомба“: Мурињо на клупата на Баерн Минхен

Германскиот весник „Билд“ ласираше вистинска „бомба“ и тврди дека Жозе Мурињо наскоро може да седне на клупата на Баерн Минхен.

Работите не одат во добра насока за Баерн оваа сезона и би можеле по повеќе од една деценија доминација да ја загубат шампионската титула во Бундес-лигата.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Се уште нема конкретни преговори, со оглед дека раководството му даде доверба на Тухел и по вчерашниот болен пораз од Леверкузен.

„Мурињо мудро чека. Тој веќе учи германски и сака да пристигне комплетно подготвен. Во неколку наврати „кокетираше“ со Баерн, но сега има вистинска шанса. За него тоа би бил „кам-бек“ на големата сцена и одново ќе предводи вистински гигант“, пренесува „Билд“.

Тухел најверојатно ќе замина на крајот на сезоната, а негова замена би требало да биде токму Жозе Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Џирона со Миовски го најави настапот во ЛШ📷

Eкипата на Џирона во среда игра против Пари Сен Жермен во нивната дебитантска сезона во Ли…