Лионел Меси ова лето беше блиску до преселба во Манчестер Сити, но Барселона бараше да биде исплатена откупната клаузула, па Аргентинецот остана на „Камп Ноу“.
Поради тоа Меси мораше да остане во Барселона, но бидејќи неговиот договор завршува следното лето, се шпекулира дека ова ќе му биде последна сезона во Каталонија
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меси има право да преговара со други клубови во јануари, а се чини дека неговиот татко Хорхе веќе ги презема првите чекори. „ЕСПН“ тврди дека Хорхе веќе започнал разговори со челниците на ПСЖ, кои сакаат да го донесат Меси со сите сили на крајот на сезоната.
„Светците“ сакаат што е можно побрзо да постигнат комплетен договор со Аргентинецот и Меси во јануари да потпише преддоговор со францускиот клуб.