Дома Топ вести „Бомба“: Икарди се враќа во Серија А

„Бомба“: Икарди се враќа во Серија А

Италијанските медиуми тврдат дека голема е веројатноста Мауро Икарди да се врати во Серија А.

Томас Тухел не му даваше голема минутажа на Икарди и Аргентинецот не е задоволен од својот статус.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Многумина веруваа дека работите ќе се променат со доаѓањето на Покетино, но наводно новиот тренер нема да смета на Икарди и веќе му порачал дека може да си бара нов клуб.

Најсилен интерес во моментов покажува Милан, кој во Икарди гледа идеален наследник на Ибрахимовиќ и некој кој ќе биде главен напаѓач во наредните години.

Малдини веќе стапил во контакт со неговиот пријател Леонардо и започнале преговори за трансфер на Икарди уште во јануари.

Аргентинецот може да пристиге на „Сан Сиро“ на позајмица за 10 милиони евра плус 40 милиони за откуп следната година.

Неговата сопруга и агент, Ванда Нара инсистира да се врати во Италија и Милан го гледа како идеална опција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…