Дома Фудбал Италија „Бомба“: Зидан го менува Пирло во Јувентус

„Бомба“: Зидан го менува Пирло во Јувентус

Јувентус внимателно ја следи ситуацијата со тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан и сака да го донесе во Торино, тврди трансфер експертот Едуардо Инда.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Зидан оваа сезона не бележи добри резултати во Реал Мадрид и се посилни се шпекулациите дека двете страни ќе се разделат на лето.

Јувентус веќе подолго време сака да го врати Зидан во своите редови и смета дека на лето ќе биде идеална шанса за тоа. Поради тоа „бјанконерите“ се спремни да го сменат Андреа Пирло со францускиот стратег.

„Зидан има големи успеси во Европа и е најуспешен тренер во Лигата на шампиони, поради тоа многу тимови го сакаат. Најсериозен кандидат е Јувентус, кој подолго време ја следи ситуацијата“, открива Инда.

Директорот Павел Недвед е во постојан контакт со својот пријател Зидан и го убедува да седне на кормилото на Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Сити постави нов рекорд со англиски репрезентативец

Англискиот репрезентативец Елиот Андерсон преминува од Нотингем Форест во Манчестер Сити, …