Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола во јануари сака да го донесе напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, тврдат англиските медиуми.
„Сан“ пренесува дека Гвардиола иако добро ги познава квалитетите на Левандовски испратил скаути да ги следат наговите настапи.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Медиумите тврдат дека каталонскиот стратег не е задоволен од ангажманот на Серхио Агуеро и им порачал на челниците да го продадат Аргентинецот, а како замена да му го донесат Левандовски.
Тимот на Манчестер Сити е богат со напаѓачки опции, па Гвардиола може да си приушти да не го игра Агуеро. Сепак, доаѓањето на Левандовски би било шлаг на тортата.
Гвардиола успешно соработуваше со Левандовски во Баерн па затоа медиумите сметаат дека Сити ќе има предност во трката на полскиот репрезентативец, кој неодамна влезе во расправија со раководството на Баерн.