Дома Македонски спорт Мак фудбал Бомба во мак фудбалот: Шкупи преговара со Бесарт Ибраими – и Шкендија е во игра!

Бомба во мак фудбалот: Шкупи преговара со Бесарт Ибраими – и Шкендија е во игра!

Тимот на Шкупи неодамна ја прослави титулата во домашниот шампионат, а сега следува летниот преоден рок во кој чаирчани ќе се обидат да го засилат тимот како за наредната сезона, така и за во Европа.

Според информациите на порталот на албански јазик „Инфоспорт.мк“ Шкупи планира големо засилување и тоа со Бесарт Ибраими. Ибраими неодамна беше дел од грчкиот тим Ксанти, а сега е во потрага по нов предизвик.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Во објавениот текст се вели дека раководството на Шкупи веќе стапило во контакт со Ибраими. Сепак, се потенцира дека засега работата не е завршена и ова е само почеток на преговорите. Исто така се споменува дека и Шкендија размислува за враќање на својот поранешен голгетер.

Нема сомневање дека Ибраими би бил големо засилување во нападот и за Шкупи и за Шкендија. Инаку, Ибраими преговарал и со Партизани Тирана, па останува да се види каде искусниот напаѓач ќе ја продолжи кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед ја сака ѕвездата на Дортмунд

Борусија Дортмунд е спремна да слушне понуди за напаѓачот Карим Адејеми, а неколку европск…