Дома Останати Тенис Болки, таблета, масажа: Ѓоковиќ надмина се и обезбеди финале!

Болки, таблета, масажа: Ѓоковиќ надмина се и обезбеди финале!

Новак Ѓоковиќ повторно го покажа својот победнички менталитет кој и го одржува во врвот на тенисот веќе долго време.

Ѓоковиќ во полуфиналето од Мастерсот на Синсинати после пресврт го победи Роберто Баутиста Агут со 4:6, 6:4 и 7:6 во сетови.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Меѓутоа не само што славеше после пресврт Ѓоковиќ трпеше болки и имаше сериозни проблеми. Прво имаше болки во стомакот кои ги реши со таблета која ја испи во текот на мечот.

Тука не беше крајот на неговите проблеми. После првиот сет Ѓоковиќ побара медицински тајм-аут за физиотерапевтот да му го измасира вратот и изгледаше како тоа да е и тоа како болно. Масажата на вратот Ѓоковиќ ја повтори неколку пати до крајот на мечот. На крајот ниту тоа не го спречи за да обезбеди место во финалето.

Ѓоковиќ во финалето на Синсинати ќе игра против Милан Раониќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ не запира, сруши и уште еден рекорд!

Најуспешниот и по многумина најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, повторно по…