Искусниот голман Мартин Богатинов во овој циклус повторно беше дел од репрезентацијата.
Богатинов има богата интернационална кариера, сега брани во Кипар, а добар дел од кариерата помина во Украина во Карпати Лвов. Сега тој имаше интервју за украинскиот медиум „24 фудбол“, една од темите секако беше и пласманот на Македонија на Европското првенство.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ќе ни треба барем десетина дена за да сфатиме колку важно нешто направивме. Сите не зафати бура од емоции. Во државата се уште се зборува за тоа. Славјето започна уште во Тбилиси, продолжи во авионот, се вративме дома во шест часот наутро. Истиот ден продолжи прославата во хотелот“.
„На натпреварот првпат бев загрижен на еден меч. Додека седев на клупата ги броев минутите до крајот, посебно откако Пандев постигна гол. Кога се слушна последниот судиски свиреж ми падна камен од срце. Ситуацијата во репрезентацијата се промени откако Игор Ангеловски дојде на клупата, создаде една неверојатна хемија во репрезентацијата“, изјави Богатинов.