Дома Фудбал Останато Боатенг: Немав успех во Барса, но барем можам да кажам дека сум играл со Меси

Боатенг: Немав успех во Барса, но барем можам да кажам дека сум играл со Меси

Кевин Принс Боатенг од сезоната која следи ќе настапува во дресот на Фиорентина.

Напаѓачот на Сасуоло имаше чудна сезона зад себе откако минатото лето како слободен играч пристигна во овој клуб, а потоа во јануари изненадувачки натпревари трансфер во Барселона.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сепак, Боатенг не се прослави на „Камп Ноу“ и запиша само четири настапи после што се врати во Сасуоло од каде што за еден милион евра беше продаден на Фиорентина.

„Бев среќен во Сасуоло во тие шест месеци. Морам да и се заблагодарам на Фиорентина бидејќи не е лесно да верувате на некој кој не играл шест месеци. Беше прекарсно да се биде член на Барселона и да се работи со најдобрите во светот. Јас скоро и да не добивав шанса, но барем ќе можам да кажам дека сум играл заедно со Меси“, изјави Боатенг, а потоа откри како се решил да дојде во Фиорентина.

„Директорот Даниеле Прада ме убеди да дојдам тука така што ме бараше неколку пати во еден ден. Ми се допадна таквиот став“, откри Боатенг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аларм во Наполи, се повреди Лукаку

Италијанскиот шампион Наполи ја заврши својата предсезонска подготовка со успех, победувај…