Дома Фудбал Останато Боатенг: Денес младите фудбалери на 19 години возат Мерцедес и мислат само Плејстејшн и Инстаграм

Боатенг: Денес младите фудбалери на 19 години возат Мерцедес и мислат само Плејстејшн и Инстаграм

34-годишниот фудбалер од Гана Кевин Принс Боатенг ги критикуваше денешните млади фудбалери.

Според Боатенг младите фудбалери воопшто не работат на себе, па затоа ги критикуваше.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Младите фудбалери денес не работат на својот талент. Верувајте ми, знам што тоа значи. Поголемиот дел од нив возат Мерцедес на 19 години и мислат дека се добри и дека веќе не мора ништо да прават за да напредуваат“.

„Не остануваат после тренинзот, не тренираат дополнително, апсолутно ништо. Единствено на што мислат е играње Плејстејшн после тренингот и поминување време на Инстаграм. Мислам дека фудбалот се промени, баш како и целото друштво“, заклучи Боатенг.

Денес Боатенг игра за Херта каде и што ја започна кариерата. Во берлинскиот тим се врати во јули оваа година откако ја заврши епизодата во италијанска Монца.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Милан и Наполи се распрашуваат за Рабио

Адриен Рабио се замеша во уште еден скандал и Марсеј изрази желба да се раздели од него. О…