Дома Останати Кошарка НБА Блесна Лука: Рекорд на кариерата на Дончиќ против Пеликанс!

Блесна Лука: Рекорд на кариерата на Дончиќ против Пеликанс!

На десет одиграни натпревари во НБА лигата изминатата ноќ не недостасуваа возбудувања, а ноќта ја обележа Лука Дончиќ.

Во победата на Мавси над Пеликанс 143:130 Дончиќ стигна до 46 поени што е негов рекрод  во кариерата. Покрај 46 поени, Словенецот подели 12 асистенции и оствари осум скока.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Дончиќ имаше и одлична поддршка од Крстапс Порзингис со 36 поени и за него тоа беше рекорд на кариерата. Кај поразениот тим се истакна Зион Вилијамсон со 36 поени.

Никола Вучевиќ беше одличен во победата на Орландо над Кингси со 123:122. Со 42 поени беше најзаслужен за 17. победа на својот тим.

Јута продолжи со одличните настапи. Сега пред нив паднаа Бакси со 129:115. Руди Гобер и Џо Инглес со по 27 поени се истакнаа кај домаќините, а за гостите Јанис Антетокумпо постигна 29 поени.

До нови победа стигнаа и Лејкерси против Мемфис (115:105). Одлични кај Лејкерси беа Ентони Дејвис со 35 поени и Леброн Џејмс со 28 поени.

Никола Јокиќ повторно беше еден од најзаслужните за победата на Денвер против Оклахома. Денвер славеше со 97:95, а Јокиќ мечот го заврши со дабл-дабл од 22 поени, 13 скокови и 9 асистенции. Се истакна и Џамал Мареј со 22 поени и по пет скокови и асистенции.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Далас – Њу Орлеанс 143:130, Шарлот – Минесота 120:114, Вашингтој – Њујорк Никси 91:109, Атланта – Сан Антонио 114:125, Бостон – Детроит 102:108, Чикаго – Клиперси 106:125, Денвер – Оклахома 97:95, Јута – Милвоки 129:115, Портланд – Кливленд 129:110, Сакраменто – Орландо 112:123.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…