Дома Фудбал Англија „Бисерот“ на Ливерпул го потпиша првиот професионален договор во кариерата

„Бисерот“ на Ливерпул го потпиша првиот професионален договор во кариерата

Eден од бисерите кои ги има Ливерпул во своите редови е Харви Елиот, талентираниот фудбалер кој во април наполни 17 години.

Тренерот Јирген Клоп веќе некое време му дава шанса на Елиот во натпреварите кои немаат преголемо значење. Навивачите , секако сакаат Елиот да добива уште повеќе прилика бидејќи најголем дел од нив веруваат дека тој е иднина на Ливерпул. Поради тоа денешните вести од „Енфилд“ ќе ги израдуваат.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Елиот денес го потпиша првиот професионален договор со Ливерпул.

Во овој момент нема информации за деталите од договорот, меѓутоа медиумите шпекулираат дека Елиот се обврзал на двегодишна соработка.

Ливерпул Елиот го доведе минатот лето од младинскиот погон на Фулам и тој веќе собра осум настапи за првиот тим иако официјално се уште е член на тимот до 23 години на Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арсенал блиску до многу важен потпис

Арсенал моментално се наоѓа на врвот на Премиер лигата со два бода повеќе од Манчестер Сит…