Дома Фудбал Англија Бизарно: Маскота доби отказ во Англија затоа што премногу се „пуштал“ на девојки

Бизарно: Маскота доби отказ во Англија затоа што премногу се „пуштал“ на девојки

Познатиот англиски клуб, Квинс Парк Ренџерс ја отпушти својата маскота затоа што бил „премногу близок со жените на стадионот и флертувал со нив“.

Наводно отказот дошол откако претходно неколку пати бил предупредуван. Џуд маскота на клубот беше од 2008 година, а името го доби по мачката на стадионот. Сега клубот ќе мора да побара нов човек кој во костум на мачка ќе ги забавува навивачите.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Неколку луѓе се жалеа дека повеќе флертувал со жените на стадионот отколку што го бодрел тимот. Доби неколку предупредувања, но не го промени својот став. Клубот немаше избор“, изјавил неименуван извор за „Сан“.

Квинс Парк последен пат во Премиер лигата играше во сезоната 2015/2016, а од тогаш најдобар пласман му беше деветтото место во Чемпионшип. Минатата сезона едвај се спаси од испаѓање во третиот ранг, а во овој момент е на 16. позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Се подготвува контроверзен трансфер: Младата ѕвезда на Реал доаѓа во Барселона?

Според наводите на реномираниот бразилски портал UOL Esporte, Барселона не планира да заст…