Дома Фудбал Англија Биелса го пофали Алиоски: Се надевам дека ќе продолжи така!

Биелса го пофали Алиоски: Се надевам дека ќе продолжи така!

Тренерот на Лидс, Марсело Биелса има пофалби за македонскиот репрезентативец, Езгјан Алиоски. 

Биелса, во разговор за англиските медиуми ја пофали играта на Алиоски против Бирмингем но и таа во дресот на Македонија против Полска.

„Имаше многу енергија, се бранеше многу, но исто и напаѓаше многу. Добро ги поврзуваше дефанзивата и офанзивата. Одигра одличен меч и против Полска, му требаше долго време за да одигра така. Во саботата ги повтори одлични перформанси, се надевам дека ќе продолжи така“, изјави Биелса.

Лидс го победи Бирмингем со 1-0, а Алиоски беше во стартниот тим  покрај тоа што пропушти десетдневни тренинзи со тимот поради репрезентативните обврски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челси и Манчестер Јунајтед во трка за трансфер на Хакобо Рамон

Челси и Манчестер Јунајтед се заинтересирани за трансфер на младиот дефанзивец Хакобо Рамо…