Дома Фудбал Бејл на списокот за натпреварот со Рома, Зидан отпиша двајца офанзивци!

Бејл на списокот за натпреварот со Рома, Зидан отпиша двајца офанзивци!

Реал Мадрид ја објави листата за играчи за пријателскиот натпревар со Рома кој „кралевите“ ќе го играат вечерва на „Олимпико“ во Рим.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Преодниот рок во Англија заврши во четвртокот што значи дека многу веројатно Бејл ќе остане во Реал. Зидан јавно кажа дека не смета на Бејл, но со оглед дека Велшанецот се поврзуваше со клубови од Англија (освен пропадниот трансфер во Кина) тој ќе остане во Реал.

Денес Зидан изненади кога го смести Бејл на списокот за натпреварот против Рома. За разлика од Бејл на списокот не се најдоа Хамес Родригез и Маријано Диаз кои се поврзуваат со трансфер во италијанските клубови.

Серхио Рамос ќе одмара за да биде спремен за лигашкиот натпревар во сабота, па Милитао ќе има прилика да игра со Варан во одбраната.

Списокот на Реал за натпреварот против Рома.

Голмани: Кејлор Навас, Куртоа, Тони Фуидас

Дефанзивци: Карвахал, Милитао, Варан, Начо, Марсело

Средни играчи: Крос, Модриќ, Касемиро, Валверде, Иско

Напаѓачи: Азар, Бензема, Бејл, Васкез, Јовиќ, Винисус

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо, Меси и Џеко во нападот: Еве како изгледа највозрасниот тим на Мундијалот (Фото)

Светското првенство ќе започне на 11 јуни со натпреварот меѓу Мексико и Јужна Африка, а пр…