Герет Бејл со два гола го спаси Реал Мадрид од пораз на гости кај Виљареал (2:2).
Иако беше отпишан пред почетокот на сезоната останувањето на Велшанецот се покажа како одлична работа за Реал бидејќи игра одлично на почетокот од сезоната што не може да се каже за комплетниот тим на „кралевите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ако Бејл утре си замине ќе биде најдобро за сите“, изјави Зидан кон крајот на јули, но сега веројатно го промени таквото мислење.
Бејл после вчерашните два гола со Виљареал стигна до бројката од 104 гола во дресот на Реал Мадрид и со тоа се изедначи со легендарниот Бразилец Роналдо кој исто така постигна 104 гола.
На Бејл за 104 гола му беа потребни 234 натпревари, додека Роналдо истиот број голови го постигна за 57 натпревари.
Со оглед на тоа дека Бејл не е класичен напаѓач ова секако е учинок на кој треба да му се оддаде признание.