Дома Трансфер зона Беше на мета на Барселона, а денес потпиша за Кристал Палас

Беше на мета на Барселона, а денес потпиша за Кристал Палас

Некогаш патиштата можат да бидат навистина чудни, па таква беше и на овој голман кој можеше да биде дел од Барселона, но на крајот заврши во редовите на англиски Кристал Палас.

Кристал Палас го официјализираше трансферот на голманот Висенте Гуаита откако му истече договорот со Гетафе. Шпанецот така стана првото засилување за овој клуб.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Претходно се шпекулираше дека Гуаита е на мета на Барселона, но таму секако ќе мораше да прифати да биде резерва на Тер Штеген.

„Воодушевени сме што успеавме да потпишеме договор со еден од најдобрите голмани во Примера, победивме навистина силна конкуренција“, стои во соопштението од клубот.

Во минатата сезона Гуаита 12 пати ја сочува мрежата на Гетафе и така допринесе клубот од Мадрид да заврши на осмото место во Примера.

guaita

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…