Професионалните фудбалери во текот на кариерата заработуваат многу пари, но некои од нив се „опиваат“ од големото богатство, па го трошат на луксуз.
Асамоа Гиан некогаш важеше за еден од најплатените фудбалери на светот. Додека го носеше дресот на кинески Шангај неделно заработуваше повеќе од 300.000 евра. Уживаше во луксуз, скапи автомобили, но сега веќе нема ништо.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
33-годишниот напаѓач банротираше и според неговите зборови на сметка има уште 600 фунти. Исто така Гиан веќе неколку месеци не ја видел соругата и трите деца. Наводно започнал процес на ДНК анализа со кој сака да утврди дали децата се навистина негови.
„Внимавај добро кого храниш. Некои луѓе веднаш ќе те гризнат откако ќе ги нахраниш“, порача Гиан преку Инстаграм.
Гиан моментално е член на турски Кајсериспор, но наводно клубот не го плаќа. Сметката му е скоро на нула, па се наоѓа во многу тешка ситуација.
Репрезентативецот на Гана европската кариера ја започна во Удинезе, а играше уште за Модена, Рен, Сандерленд, Ал Аин, Шангај и Дубаи.