Дома Фудбал Англија Бесниот Мурињо преку Инстаграм им порача на играчите: Утре тренинг во 11 часот

Бесниот Мурињо преку Инстаграм им порача на играчите: Утре тренинг во 11 часот

Жозе Мурињо беше многу разочаран после натпреварот во Европа лигата со Антверпен, откако неговиот Тотенхем загуби со 1-0.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Португалецот после натпреварот изјави дека доколку би имал можност на полувремето ќе го заменел цел тим.

„Ќе ги сменев сите 11 играчи да имав таква можност, направив само четири, една измена остана за секој случај до крајот. Ја прифаќам одговорноста за тактиката и изборот на играчи, , но екипата не играше добро, кога не играте добро, нема ни добар резултат“, изјави  Мурињо.

После мечот Мурињо објави фотографија на Инстаграм како седи во клупскиот автобус и порача.

„Лоша игра и заслужен лош резултат. Се надевам дека сите во автобусот се вознемирени како што сум јас. Утре тренинг во 11 часот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Неповолна атмосфера на Сан Сиро: Мајк Мањан побарал да го напушти Милан!

Милан не успеа да се квалификува за Лигата на шампионите следната година. Зошто проблемот …