Дома Фудбал Останато Бен Арфа: Мурињо и Симеоне го убиваат фудбалот, среќа што постои Барса!

Бен Арфа: Мурињо и Симеоне го убиваат фудбалот, среќа што постои Барса!

Играчот на ПСЖ, Хатем Бен Арфа вели дека дефанзивниот пристап на Жозе Мурињо и Диего Симеоне го убиваат фудбалот, и дека без Барса фудбалот ќе бил мртов.

На играчот на ПСЖ не му се допаѓа дефанзивниот пристап кој го негуваат Португалецот и Аргентинецот, иако факт е дека со таквиот пристап двајцата имаат многу резултати изминатите години.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


„Многу тренери измислуваат фудбал со оправдување дека тие се во потрага на систем со кој ќе го неутрализираат противникот. Но тоа не е суштината на фудбалот“, вели Бен Арфа.

„Тренери како Мурињо, Симеоне имаат филозофија која е спротивна од онаа на Кројф, и со нив повеќе нема простор за задоволство, нема спектакл. Едноставно го убиваат фудбалот“.

„Фудбалот е спактакл, луѓето доаѓаат на стадионите да се забавуваат, мораме да мислиме и на нив. За среќа ја имаме Барселона! Без Барса, фудбалот е мртов“, заклучи Французинот во разговор со „Франс Фудбал“.

Избегал од Африка, спиел по улици, родителите мислеле дека е мртов, па го видоа на ТВ како игра против Милан!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Официјално: Чедомир Јаневски пронајде нов клуб

Искусниот македонски стратег Чедомир Јаневски пронајде нов ангажман во Кипар каде што ќе ј…