Контроверзниот француски фудбалер, Хатем Бен Арфа се уште е без ангажман, а сега италијанците пишуваат дека негова наредна дестинација може да биде Серија А.
Реномираниот италијански сајт „Калчомеркато“ објави дека Бен Арфа бил понуден на Парма.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Во Парма веќе игра Жервињо и со Бен Арфа би биле навистина интересен тандем.
Со оглед на тоа дека Бен Арфа е без ангажман би можел веднаш да потпише за Парма.
Последниот ангажман овој контроверзен фудбалер го имаше во француски Рен. Во текот на летото се поврзуваше со Џенова и Сампдорија меѓутоа на крајот не постигна договор.