Дома Фудбал Бензема: Халанд? Па, нека дојде…

Бензема: Халанд? Па, нека дојде…

Напаѓачот на Реал Мадрид пред дуелот со Аталанта одговараше на некои новинарски прашања, а едно од нив беше поврзано со Ерлинг Халанд.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Талантираниот норвешки напаѓач се поврзува со Кралевите и на лето би можел дресот на Борусија да го замени со дресот на Реал. Првиот стрелец на кралскиот клуб, Карим Бензема нема ништо против тоа.

„Не сакам да зборувам за играчите кои не се тука во нашата екипа. Често зборуваме за тие кои не се во Реал. Халанд постигнува многу голови, тоа е вистина, но тој тоа го прави за својата Борусија.“ – рече Бензема и додаде:

„А, ако еден ден има прилика да дојде овде, нека дојде, немам ништо против.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанија аплицираше за титулата со победа над Австрија

Репрезентациите на Шпанија и Австрија завршија со резултат 3:0 во Инглвуд, Калифорнија, во…