Дома Фудбал Бензема освои важна награда во Мадрид: Среќен сум и горд, оваа година беше најдобра за мене

Бензема освои важна награда во Мадрид: Среќен сум и горд, оваа година беше најдобра за мене

Францускиот репрезентативец и напаѓач на Реал Мадрид, Карим Бензема доби уште една награда за одличната 2021 година во која беше навистина неверојатен.

Бензема имаше одлична година во која не ја освои „Златната топка“, иако беше еден од кандидатите, но затоа доби признание од здружението на медиуми во Мадрид.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Среќен сум и горд што ја освоив наградата. Ова беше моја најдобра година затоа што постигнав многу голови, асистенции и му помогнав на тимот да победува. Целта на Реал Мадрид е секогаш да победува и да освојува трофеи“, вели Бензема.

Французинот во сезоната 2021/22 одигра 28 меча во сите натпреварувања, а притоа постигна 24 гола и девет асистенции, од кои 17 гола и седум асистенции се во Ла Лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јокиќ донесе посебна одлука: Нема повеќе да… (Видео)

Никола Јокиќ повторно ја воодушеви НБА лигата – трипл-дабл за само 22 минути и побед…