Дома Фудбал Бензема: Мбапе е многу млад, има време да заигра за Реал

Бензема: Мбапе е многу млад, има време да заигра за Реал

Ѕвездата на Реал Мадрид, Карим Бензема зборуваше за својот сонародник и пријател Килија Мбапе.

Откако Мбапе реши да остане во ПСЖ ги разочара сите во Реал, медиумите пишуваа дека Бензема лично му се налутил.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Бензема ги негираше таквите тврдења, ја почитува неговата одлука и не ја исклучи можноста Мбапе во иднина да го облече дресот на Реал Мадрид.

„Не, не сум разочаран, секој има можност да бира што мисли дека е најдобро за себе. Ние сме добри пријатели и играме заедно во репрезентацијата. Мбапе избра да остане во ПСЖ и тоа мора да го почитуваме. Тој е се уште многу млад, би сакал во иднина да го оствари сонот и да заигра за Реал Мадрид“, изјави Бензема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул започна со работа на привлекување на дефанзивец

Ливерпул започнал преговори со Кристал Палас за привлекување на Марк Геи, тврди “Атл…