
Легендарниот Гери Линекер го посочи Бензема после фантастичниот настап против ПСЖ како една од најдобрите „деветки“ на сите времиња.




Бензема во второто полувреме против ПСЖ постигна хет-трик за само 17 минути и така обезбеди четвртфинале за Реал Мадрид, „светците“ се соочија со нова елиминација од елитното натпреварување.




Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
„Без никакви дилеми Бензема е една од најдобрите деветки на сите времња“, порача Линекер.




Оваа сезона Бензема има 30 гола на 33 натпревари и е на добар пат да го надмине својот рекорден голгетерски ефект во една сеозна, а тоа се 32 гола кои ги постигна во сезоната 2011/2012.