Дома Фудбал Останато Бензема го помина Тиери Анри!

Бензема го помина Тиери Анри!

Напаѓачот на Реал Мадрид игра одлична сезона.

Реал Мадрид го победи Леганес со резултат 5:0, а на овој натпревар првиот гол во дресот на „кралевите“ го постигна и Лука Јовиќ, но вистински херој на Реал беше францускиот репрезентативец Карим Бензема кого Зидан го замени во 70-тата минута.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Французинот пред да го напушти теренот подели две асистенции и постигна еден гол со што беше најзаслужен за победата на својот тим.

Со тој гол Бензема дојде до бројката од 229 голови во дресот на Реал со што го надмина учинокот на Тиери Анри во дресот на Арсенал и стана Французинот со најмногу голови за некој странски клуб.

Бензема има само 31 година и нема сомневање дека оваа негова бројка ќе биде само поголема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

После Гарначо Челзи носи уште еден незадоволен играч на Јунајтед Наслов: После Гарначо, Челси ќе краде уште еден незадоволен од Рубен Аморим?

Гарначо ова лето пристигна од Манчестер во Лондон, а по негови стапки би можел да тргне и …