Никлас Бендтнер, иако никогаш не беше помеѓу најдобрите фудбалери во светот е играч кој привлекувал големо внимание. Така сега за медиумите зборуваше за адреналинот кој му го давало коцкањето.
Данецот откри дека во една вечер изгубл 400.000 фунти за само час ипол на рулет.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Имав многу проблеми со повредите. Не можев да ја најдам возбудата која ја имав кога играв пред 60.000 навивачи. Ништо не можеше да се замени со такво искуство. Нешто што ми беше најблиску е кога влегував во казино. Колку влоговите беа повисоки, толку беше поголем адреналинот“.
„Изгубив 400.000 фунти на рулет за 90 минути, до крајот на вечерта успеав да вратам голем дел од парите и си заминав со минус од 20.000 фунти. Таа вечер кога се вратив во хотелот добро размислив што моежеше да се случи и се откажав од таа лоша навика“, раскажа Бендтнер.