Eден од најлудите фудбалери кои се појавиле на зелениот терен „лордот“, Никлас Бендтнер после девет месеци пауза пронајде клуб и ќе игра во четвртата лига и тоа за ветераните на локалниот клуб во Данска, Тарнби.
Бендтнер едно време беше и репрезентативец на Данска, важеше за играч со голем потенцијал меѓутоа лудориите кои ги правеше надвор од теренот придонесоа на 32 години да игра аматерски фудбал.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во клубот се среќни што за нив ќе игра познато име како Бендтнер.
„Навистина сме среќни и задоволни што Никлас ќе игра за нас. Разговорите се водеа долго време и сега конечно се реализираше“, изјави Мартин Сков Хеструп, тренерот Тарнби.
Дебито за овој тим на ветерани во кои играат играчи над 32 години Бендтнер ќе го има на 9 септември. Бендтнер во кариерата играше за Арсенал, Јувентус, Нотингем Форес, Волфсбург и Розенборг.