Дома Трансфер зона Белоти го напушта Торино, бира меѓу три клуба од Серија А

Белоти го напушта Торино, бира меѓу три клуба од Серија А

Андреа Белоти е еден од најдобрите италијански напаѓачи, па ова лето најверојатно ќе го напушти Торино.

Белоти влезе во последната година од договорот со „биковите“ и нема намера да го продолжи, а на маса веќе има три понуди.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Првата е од клубот за кој  не крие дека навивал во детството, Милан. „Росонерите“ сметаат дека Белоти ќе биде одличен наследник на Ибрахимовиќ и долгорочно решение за нападот.

Втората е од Рома бидејќи Мурињо многу го цени „петелот“ и верува дека ќе биде одлична замена за Џеко.

Сега во трката за потписот на Белоти се вклучи и Аталанта, која има големи амбиции за следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед ја сака ѕвездата на Дортмунд

Борусија Дортмунд е спремна да слушне понуди за напаѓачот Карим Адејеми, а неколку европск…