Дома Фудбал Белингам: Сакам да останам во Реал уште 10-15 години

Белингам: Сакам да останам во Реал уште 10-15 години

Џуд Белингам ова лето пристигна во Реал Мадрид со огромни очекувања бидејќи беше платен 100 милиони евра.

Англичанецот веднаш почна да ги оправдува вложените пари и се промовираше во лидер на „кралевите“ со 10 постигнати гола во првите 10 меча.


Мбапе со маска на победа против Холандија! ↓↓↓


„Во моментов уживам во фудбалот. Луѓето во клубот и репрезентацијата ми даваат слобода да играм како што сакам. Во последните неколку месеци работев на начинот како да влегувам во шеснаесетникот, секогаш кога тоа е можно, а кога го правам, гладен сум за голови. Морам да ги исполнам големите очекувања, без разлика дали се работи за гол или асистенција“.

„Реал Мадрид е клубот во кој сакам да бидам во следните 10 до 15 години од мојот живот. Ми се допаѓа таму. Доаѓањето во Реал дефинитивно ме подобри. Кога секојдневно сте покрај соиграчи со таков менталитет и квалитет, тоа ве носи на едно ново ниво психички, физички и технички“, изјави Белингам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Австрија ја испрати Полска дома

Репрезентацијата на Австрија со 3:1 ја совлада репезентацијата на Полска и направи голем ч…