Десниот бек на Арсенал, Ектор Белерин после 11 години може да се врати во клубот каде што поникна – Барселона.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Каталонски „Спорт“ пренесува дека 27-годишниот Шпанец, кој минатата сезона играше на позајмица во Бетис, може да се врати во Барселона.




Чави бара нов десен бек, а Белерин е најреална опција во моментов. Тој има има договор со Арсенал на уште една година, но неговиот агент работи на раскинување на договорот со „топџиите“.




Барселона работи на тоа да се ослободи од Пјаниќ и Брајтвајт, па со тоа ќе ослободи простор за плата за да може да го регистрира Белерин.