Дома Топ вести Бартомеу: Ќе има 10 статуи на Меси пред новиот „Камп Ноу“

Бартомеу: Ќе има 10 статуи на Меси пред новиот „Камп Ноу“

Претседателот на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу се пошегува дека ѕвездата на тимот Лео Меси нема да има една, туку десет статуи пред „Камп Ноу“.

Како што е познато, легенарниот стадион на Барселона ќе биде комплетно реновиран и ќе го зголеми капацитетот на 105.000 гледачи, а реновирањето ќе заврши во 2023 година.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Запрашан дали Аргентинецот ќе добие нова статуа пред домот на Каталонците, претседателот Бартомеу одговори:

„Ќе има десет статуи! Јас дури не би му ја дал Златната топка. Тој веќе ја надмина таквата награда, Меси има своја категорија. Има многу големи играчи, но Меси е поголем од сите“, заклучи претседателот на Каталонците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Oва се репрезентациите кои досега обезбедија пласман на Светското првенство, ги има 29!

Бројот на учесници на Светското фудбалско првенство кое ќе се одржи во 2026 година постепе…