Дома Фудбал Барселона: Ја разбираме реакцијата на јавноста и ќе анализираме

Барселона: Ја разбираме реакцијата на јавноста и ќе анализираме

Долго се чекаше и Барселона да се огласи со соопштение, а тоа Каталонците го направија вечерва.

Први од Суперлигата се откажаа шесте англиски клуба, потоа со официјални соопштенија излегоа Италијанците, додека Барселона и Реал како клубови не се огласија. Претходно зборуваа само претседателите на овие два клуба.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Лапорта изјави дека Суперлигата е неопходна на фудбалот, а во слична насока оди и соопштението од клубот.

„Барселона го дели мислењето дека се потребни реформи за одржување на фудбалот. Затоа раководството ја прифати понудата да биде дел од Суперлигата како еден од основачите. Суперлигата е натпреварување кое треба да го зголеми квалитетот и атрактивноста за љубителите на фудбалот. Ја разбираме реакцијата на јавноста и ќе анализираме. За подлабока анализа е потребно време и мир“, порачаа Каталонците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јамал најдобар млад играч на светот, Луис Енрике најдобар тренер, Донарума голман

Вечерва е церемонијата за доделување на “Златната топка” во избор на Франс Фуд…