Тренерот на Каталонците, Ернесто Валверде веќе на големо мисли за јануарскиот преоден рок, иако засега добро и оди на Барселона и на двата најзначајни фронта на кои настапува.
Во Барселона се прават планови, да се решат од тројца фудбалери. Валверде не смета на нив, па оттаму се чека конечната одлука во зимскиот преоден рок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Арда Туран, Пако Алкасер и Рафиња се тројцата од кои Каталонците сакаат да се ослободат.
За Туран клубот се надева дека ќе извлече 24 милиони или пак, дека ќе го испрати на позајмица, со оглед на тоа дека во Барселона е донесен по цена од 30 милиони евра.