Наполи е силно заинтересиран во зимскиот преоден рок да го доведе дефанзивецот на Барселона, Жорди Алба.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
За Алба повеќе нема место во тимот на Чави и Барселона се обидуваше да се ослободи од него уште во летниот преоден рок.




После пензионирањето на Пике сега Барса најверојатно ќе се ослободи од уште еден ветеран.
Според „Ел конфиденсијал“, Барселона би се согласила да го пушти Алба без оштетување, со што Наполи бесплатно би добил квалитетно засилување.




Алба во летниот преоден рок одби трансфер, но наводно сега е спремен да се пресели во Серија А.