Барселона започнала преговори со дефанзивецот на Борусија Мехенгладбах, Матијас Гинтер, пренесуваат каталонските медиуми.




28-годишниот германски репрезентативец има договор со Мехенгладбах до крајот на сезоната и веќе му соопштил на клубот дека нема намера да ја продолжува соработката.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Гинтер сигуно на лето заминува како слободен агент, а Барселона сака да ја искористи таквата ситуација и веќе започнал преговори со неговиот агент.




Чави бара засилувања во одбраната, а Гинтер е одлична можност за клубот да се засили без пари, со оглед на лошата финансиска ситуација.




Прв избор на Каталонците е Андреас Кристенсен од Челзи, но конкуренцијата за неговиот потпис е голема, па ќе се насочат кон Матијас Гинтер.