Дома Топ вести Барселона му нуди трампа на Интер

Барселона му нуди трампа на Интер


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Италијанските медиуми пренесуваат дека Франк Кеси може експресно да се врати во Серија А и тоа во големиот ривал на Милан.

Кеси ова лето го напушти Милан и како слободен агент, но не е задоволен од третманот што го има во Барселона каде добива мала минутажа и главно е на клупата за резерви.

Поради тоа репрезентативецот на Брегот на слоновата коста сака уште во јануари да ја промени средината, а интерес за него покажува Интер.

Барселона исто така не е задоволна од него па сака да го искористи во трампа. Шпанските медиуми пренесуваат дека му го понудиле Кеси на Интер, а во спротивен правец да дојде Брозовиќ.

Чави смета дека Брозовиќ ќе биде идеална замена за Бускетс, но „нероаѕурите“ засега не се согласуваат со ваква трампа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Братот на Меси ја нападна Барселона: Тие се неблагодарници, никој не ги знаеше пред Лео

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Братот на Лео Меси, …