Дома Фудбал Лига на шампиони Барселона може да го пречека Јувентус со публика

Барселона може да го пречека Јувентус со публика

Барселона може да игра со присуство на публика против Јувентус во Лигата на шампиони во натпревар кој на програмата е во декември, пренесуваат каталонските медиуми.

„Водиме константно разговори со клубот за постепеното враќање на публиката на стадионот и планот е да ја анализираме ситуацијата натпревар по натпревар. Можеби ќе допуштиме 3.000 до 5.000 гледачи според епидемиолошката ситуација“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Мислам дека протоколите ќе дозволат навивачите да се вратат на мечот со Јувентус на 8 декември, освен ако ситуацијата не се влоши“, изјави организацискиот директор на Барселона.

Првиот меч на помеѓу Јувентус и Барселона се игра на 28 октомври, на кој ќе отсуствува Кристиано Роналдо, а на „Камп Ноу“ најверојатно Португалецот ќе биде пречекан со публика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…