Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус и Барселона започнале преговори за голема трампа.
Имено, „старата дама“ одамна е заинтересирана за хрватскиот плејмејкер Иван Ракитиќ, додека Барселона за возврат го бара италијанскиот репрезентативец Федериико Бернардески.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Идејата не е нова. За слични преговори се дискутираше минатото лето, но тие беа прекинати поради тренерот на Каталонците, Ернесто Валверде. Тој сега не е веќе на функцијата и може да се направи оваа размена.
Двајцата фудбалери оваа сезона не добиваат голема минутажа. Ракитиќ е на излезна врата од Барселона, додека Бернардески не се вклопува во формацијата на тренерот Сари.
Јувентус исто така ќе бара паричен надоместок, бидејќи Италијанецот е 6 години помлад од Хрватот и има повисока пазарна цена.