Дома Трансфер зона Барселона и Реал во трка за ѕвездата на Марсеј

Барселона и Реал во трка за ѕвездата на Марсеј

Барселона и Реал Мадрид се силно заинтересирани во своите редови да го донесат играчот за врска на Марсеј, Максим Лопез.

Со само 19 години Лопез е еден од најдобрите млади фудбалери во Европа на својата позиција, а често го споредуваат со Андреси Иниста поради неговата способност да креира и постигнува голови.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан веќе го следи младиот фудбалер и има само пофални зборови.

„Тој е млад, но навистина е неверојатно како игра. Импресиониран сум од неговиот квалитет и карактер. Многу трча и креира многу шанси за соиграчите“, изјави Зидан.

Меѓутоа Барселона не се предава така лесно од трката за неговиот потпис. Андони Зубизарета моментално работи како спортски директор во Марсеј, па Каталонците веруваат дека тоа ќе биде клучно да победат во траката за младиот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Што се чека: Зошто трансферот на Шчесни се уште не е официјализиран?

Војчех Шчесни и понатаму чека официјализирање на трансферот во Барселона. Како што пренесу…