Дома Трансфер зона Барселона за да дојде до посакуваната мета го испраќа Гризман во Италија?

Барселона за да дојде до посакуваната мета го испраќа Гризман во Италија?

Антоан Гризман беше скапо платен од страна на Барселона, но во каталонскиот гигант не игра како што тоа го правеше за Атлетико Мадрид, па поради тоа би можел да биде продаден на лето.

Барселона одамна го посакува 22-годишниот Лаутаро Мартинез, а овие шпекулации се поинтензивни во последно време и Џанлука Ди Марцио тврди дека веќе почнале преговорите со Интер.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Тутоспорт“ пишува дека Барселона не може да плати 111 милиони евра за Мартинез, но затоа сака да му понуди фудбалер на Интер плус да му доплати за напаѓачот.

Интер, наводно, го посакува Гризман од Барселона, па Каталонците можеби би решиле да го понудат како замена за Мартинез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…